ГРАДЕЊЕ ИНТЕПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ

Тема  – Потреби и вистински вредности


Прифаќање и признавање грешки

Дали правите грешки?
Дали ги признавате грешките?
Дали се извинувате?
Дали сте свесни за нив?
Дали ги поправате?
Дали ги обвинувате другите?

1. Прифаќање на грешката: дали сте свесни дека сте направиле грешка? Многу често ние не сме свесни за грешката и ги обвинуваме другите дека се виновни за нашиот пропуст. Прво, нешто мора да прифатиме и да признаеме дека сме згрешиле. Да преземеме одговорност за грешката.

2. Извинување: извинувањето во која било ситуација (освен ако не е про-форма) е карактеристика на силните карактери. Ние многу ретко знаеме да се извиниме. Може ќе признаеме дека сме згрешиле, но да се извиниме може да ни биде голем проблем.

3. Простете си за грешката: сите работиме и сите грешиме. Кога ќе направиме грешка не значи дека е крај на светот. Често знаемеда се казнуваме за своите грешки и да си ставаме дополнителен товар на веќе комплицираната ситуација.

4. Решете го проблемот: најважно е да го решите проблемот, и тоа самите. Направете сè што е во ваша можност и коригирајте ја грешката. Гледајте да го намалите ангажирањето на дополнителни ресурси (луѓе, пари, материјал итн.) на што поголем минимум.

5. Анализа на ситуацијата: откако сте го решиле проблемот, направете самоанализа и воочите зошто дошло до грешка. Кој фактор влијаел на вашата одлука. На тој начин се соочувате со проблемот и го наоѓате изворот на проблемот. Така, минимална е веројатноста да ја направите истата грешка повторно .


Вежба 1 - корекција на грешки

На сликата долу се претставени измерени температури по градови во Македонија. Меѓутоа настанала грешка при записот на информации. Во Прилеп, Гевгелија и Куманово било потопло за 1 степен. Во останатите градови било постудено за 2 степени. Преправи ја табелата во Excel за да биди точна.



Вежба 2 - корекција на грешки

Трпе решавал задачи по математика. Обиди се да составиш табела со точни резултати за да му помогниш на Трпе.





Вежба 3 - корекција на грешки
Во еден маркет производите се продавале по цените претставени во табелата долу. Меѓутоа директорот наредил цената на пијалоците да биди повисока за 2 денари, додека цената на останатите производи да поефтини за 5 денари. Преправи ја табела со новите цени.


     1.   Анализирај!!!  Што е погрешно ?


..........................................................


              2.   Анализирај!!! Што е погрешно?


Кажување лага / вистина

1.По дефиниција лагата е исказ што не е вистинит или намерно искривување на вистината.

Добро е да се знае дека и во двата видови лагата нема директна врска со соговорникот, таа има врска со оној кој ја кажува. Како? Така што лагата е само обид во кој тој што ја кажува сака да избегне нешто, да добие нешто или обид да се стави во позиција.


2.Не толку опасните лаги се таканаречени бели лаги кои се кажуваат ради реда, како на пример дали ми стои добро кошулата или дали фризурата ми е добра??? Да, да одлично ти стои! Сите знаеме дека изразот на лицето покажува потполна неусогласеност.



3. Вистина е поим од врвно значење во области како филозофијанаукаправо и религија. Во главно се разбира како склоп на факти и израз на она што е, што постои и што може да се утврди, наспроти лагата која го претставува она што не е и што не може да се утврди.



4.Што е искреноста?

Искреноста е манифестација на духот на вистината што го носиш во себе!

Искреноста е божествена карактеристика и многу важен човечки квалитет. Кога си искрен со себе, ти си искрен и со другите. Во основа, искреноста прави да знаш што сакаш а што неќеш, што ти со допаѓа а што не и во која насока сакаш да се придвижиш.

Искреноста прави:

  1. Да бидеш способен да се набљудуваш себеси и да ги препознаваш своите чувства во врска со сѐ што те опкружува.
  2. Да бидеш способен да постапуваш во склад со тоа што го чувствуваш на начин што ти носи најмногу интерес, без да им причинуваш штета на другите.
  3. Да бидеш способен да проценуваш што треба да промениш кај тебе за да го зголемиш твоето добрување и тие промени бескомпромисно да ги правиш.






...................................................................................

Формирање и одржување врски

1.Основа за деловен успех

Градењето долготрајни врски е основата на секој успешен бизнис. Овие односи негуваат доверба, што е клучно за секоја соработка или партнерство.

Довербата исто така го намалува триењето во деловното работење, правејќи ги преговорите помазни и намалувајќи ја веројатноста за конфликти.

2.Бидете оригинални и автентични

Да се ​​биде искрен и автентичен е камен-темелник на градењето значајни професионални односи. Автентичноста негува доверба, бидејќи луѓето можат да почувствуваат кога некој е искрен.

Кога ќе го покажете своето вистинско јас, другите се чувствуваат поудобно да го прават истото, што доведува до подлабоки, поискрени врски.

3.Ефективно комуницирање

Ефективната комуникација е од витално значење за одржување и негување на професионалните односи. Јасната, концизна и отворена комуникација помага да се избегнат недоразбирања и промовираат транспарентност.



4.Практични совети за да останеме поврзани

*Редовниот контакт е од суштинско значење за одржување силни професионални односи. 
*Присуството на настани за вмрежување е практичен и ефикасен начин да се поврзете со вашиот професионален круг и да го проширите. 
*Социјалните медиуми се моќна алатка за да останете поврзани со вашата професионална мрежа. Платформите како LinkedIn, Upwork, па дури и Fiverr нудат можности за редовно и значајно вклучување со вашите контакти.


...........................................................................................



Работа на час - Слични и ралични


1.Како во секоја држава во светот, така и во нашата држава основна карактеристика на сите луѓе е да учествуваат во општествениот живот. Во Македонија развиено е демократко граѓанско општество каде што живеат различни култури. 

2.Културата е начин на живот на припадниците на одредено општество или на одредени групи на самото општество. Културата ги опфаќа начинот на комуникација меѓу себе, начин на облекување, начин на исхрана, начин на извршубање на одредена работа итн.





       Вежба 1 - слични и различни
Размислете за разликите помеѓу вас и вашeтo другарче. Напишете кратко колку и зошто е важно да бидете различни или слични за да се дружите.

Пример за одговори од  вежба 1  - ЛИНК

..........................................................................


Вежба 2 - Желката и зајакот