TЕХНИЧКО И ИНФОРМАТИКА



ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ :
УЧЕНИЦИТЕ ОД НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И ИНФОРМАТИКА ДА НОСАТ СО СЕБЕ ТЕТРАТКА ФОРМАТ А4, СО ПРАЗНИ БЕЛИ ЛИСТОВИ, КАКО И ПРИБОР ЗА ПИШУВАЊЕ И ЦРТАЊЕ ( МОЛИВ, ГУМА, ЛИНИЈАРИ ). ЗА ТЕКОТ И РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ВЕЖБИТЕ ЌЕ ИМА ОБЈАВЕНО СЕ НА ОВОЈ САЈТ, БИДЕЈЌИ НЕМАМЕ УЧЕБНИЦИ. КУФЕРЧИЊА ЌЕ КОРИСТИМЕ СО ПЛАВА БОЈА, ИСТИТЕ ГИ ИМА ИЛИ ЌЕ ГИ ИМА ВО КНИЖАРНИЦИТЕ БАМБИ, МИХАЕЛА, ПРОСВЕТНО ДЕЛО. ТИЕ ЌЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕЗБЕДЕНИ ДО ОКОЛУ 10-15-ТИ НОЕМВРИ, А ДОТОГАШ ИМАМЕ ЗА УСВОЈУВАЊЕ ДРУГИ ТЕМАТСКИ СОДРЖИНИ ПРЕТСТАВЕНИ ПОДОЛУ - ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ И ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ. СО ПОЧИТ - ВАСКО ЈОРДАНОСКИ

....................................................................................................


TEMA 1 - ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ

КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА ПРОГРАМАТА EXCEL?
Excel  е програма која овозможува:
·       подредување на податоците во табела,
·       табеларни пресметки и
·       графички приказ на податоците


КАКО Е ПОДЕЛЕН РАБОТНИОТ ДОКУМЕНТ
·       Работниот документ се состои од работни листови.
·       Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со броеви.
·       Работните листови имаат име. Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или во друг работен документ.
·       Пресекот на една редица и колона е правоаголниче кое се вика клетка или ќелија.
·       Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на редицата. На пр. В13, AB22
·       Податоците се внесуваат во клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе клетки.
·       Клетките може да се пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ. (со редни броеви, месеци, денови од неделата и сл.)
·       Во клетките може да се внесуваат текстуални и бројни податоциформули и функции.
На пр. Текстуален податок е Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).


ФОРМАТИРАЊЕ податоци и клетки
·       Податоците се форматираат по: фонт, големина, стил, боја, позиција.
·       Бројните податоци може да се форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви, валута, време, текст и сл.
·       Клетките се форматираат со: позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
·       Со селектирање повеќе клетки и податоците во нив може да се форматираат истовремено.
·       При бришење на податоците од клетките, форматот останува.
·       При копирање или отсекување на податоците од клетките се копира и отсекува и форматот на податокот и клетката.



ТЕМА 2 - ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ




Учебник стар по техничко образование - КЛИКНИ ОВДЕ 






















TEMA 4 - СООБРАЌАЈ 

Комбинирани вежби - Paint + сообраќај + PowerPoint
Специјални возила

Специјални возила 



- Овие возила се опремени со специјални уреди за давање на посебни звучни и
светлосни сигнали за предупредување на останатите учесници во сообраќајот
Специјални возила се :
1. Возила на службата за прва помош;
2. Возила за противпожарна служба;
3. Возила на полиција;
4. Возила на АРМ.

Вежба 1 - Paint

Цртање возило од противпожарна служба 





Вежба 2

Цртање едноставен цртеж со застапен семафор на коловната лента




- Правила за возење во кружен тек
Правилото за возење во кружен тек е едноставно, така што брзината на возилото се прилагодува како за пешаците, така и за возилата кои што веќе се влезени во кружниот тек затоа што тие имаат предност. При излегување од кружен тек исто така се внимава на брзината поради пешачките премини.

Вежба 3

Цртаме едноставен кружен тек во Paint




ЕЛЕМЕНТИ НА УЛИЦАТА И ОБЈЕКТИ НА ПАТОТ









СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ 

Сообраќајните знаци се знаци на патиштата.

Сообраќајните знаци се поделени во три групи:

  • Знаци за опасност
  • Знаци за известување (предупредување)
  • Знаци за забрана

Сообраќајните знаци се исти насекаде во светот и важат за сите учесници во сообраќајот. Сообраќајните знаци забрануваат движење, објаснуваат какви опасности има на патот и известуваат за тоа што и каде се наоѓа. Триаголните сообраќајни знаци означуваат опасност, кружните означуваат забрана, а четириаголните означуваат известување


1. ЗНАЦИ ЗА ОПАСНОСТ 







2. ЗНАЦИ ЗА ИСВЕСТУВАЊЕ



Знаците за известување на учесниците во
сообраќајот им даваат потребни известувања за патот по
кој се движат, за имињата на местата низ кои патот
минува и за оддалеченоста до тие места, за престанување
на важење на знаци за извршни, како и други известувања
кои можат да бидат корисни.







3. ЗНАЦИ ЗА ИЗРЕЧНИ НАРЕДБИ 

Сообраќајните знаци за изрeчни наредби им даваат до знаење на учесниците во сообраќајот на патот за забраните,ограничувањата и обврските кон кои тие мораат да се придржуваат.
Знаците за изрeчни наредби се поставуваат непосредно пред местото од каде за учесниците во сообраќајот настанува обврската да се придржуваат кон наредбата изразена со сообраќајниот знак.



Вежба


















**************************************




КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОНЦЕТО, ВОДАТА И ВЕТЕРОТ




КОНСТРУКЦИЈА НА ВЕТЕРНИЦА 


















Mодели од практика









КОНСТРУКЦИЈА
РАБОТА СО КОМБИНИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ - ХАРТИЈА И ДРВО


 





















































Цртање 3Д мрежа на коцка во Blender
Потребни текстури за добивање коцка од Minecraft се прикажани долу 

текстура 1   



текстура 2


текстура 3




.......................................................................