ПРОЕКТИ ОД ИНФОРМАТИКА

ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ


Вежба 



Правила за пишување

Фонт е начинот на испишување на знаците од азбуката во програма за уредување текст.

  • Корисникот на програмата го избира фонтот со којќе се пишува текстот.
  • Фонтовите имаат свои имиња.
    На пример: Times NewRoman, Arial, Algerian, Comic Sans MS,  и др.
  • Еден фонт може да се пишува со различна големина.
  • Знаците од еден фонт може да се пишуваат со различен стил:
    задебелени, 
    подвлечениискосени.

 

Македонската поддршка се избира со:

  • со лев клик на Language Bar во десниот дел од лентата со задачи (Task Bar)  се бира Mk
    со комбинација на копчињата Alt + Shift.
  • Копчиња за некои букви од македонската кирилица при работа со македонска поддршка се:   љ – q     њ – w     џ – x     ѕ – y      ч – ;     ж – \      ѓ – ]     ш – [     ќ –

 

Некои од правилата при пишување текст се:

  • испишувањето на знакот од тастатурата започнува на местото на курсорот (трепкачка цртичка)
  • една голема буква се испишува со Shift + буквата
  • сите букви се испишуваат големи со вклучување на Caps Lock копчето
  • горниот знак на копчето се испишува со Shift + копчето
  • празно место помеѓу зборовите се остава со долгото копче Space, во нов ред се преминува со копчето Enter
  • пред знакот за интерпункција не се остава празно место, а после знакот за интерпункција се остава едно празно место.








 Вежба  - препишување на песна - Тутуноберачите - Кочо Рацин








 Вежба  - пишување краток текст според омилените работи на секој ученик






Запознавање со програмата за обработка на текст - Mictrosoft Word
Вежба - пишување и зачувување едноставен документ





Тема 1 – Основни елементи и фази за изработка на проект со користење на компјутер

Што е проект?

Проект претставува извесно прашање или проблем на кои ученикот или истражувачот можат да одговорат со помош на стратегии за решавање проблеми и користејќи различни ресурси.


Proekt


Чекор 1

Дефинирање тема за проект

Ученикот избира тема на која би сакал да работи за време на проектот.

Треба да се внимава дали темата има јасна цел, дали може да се истражи и дали може да се сработи во предвидената временска рамка.

Чекор 2

Развивање на план за изработка на проектот

Поделба на задачите во групата.

Какви информации ни се потребни?

Колку информации ни се неопходни?

Каде можат да се најдат информациите?

(пример: интернет, книги, списанија и друго.)

Колку време е потребно да се направи проектот?

Чекор 3

Собирање на податоци

Наоѓање на текстови, слики, видео записи, аудио записи и други потребни материјали во електронска форма за изработка на проектот. Нивно зачувување во папки.

Чекор 4

Сортирање и анализирање на податоците

Во оваа фаза од проектот треба внимателно да се прегледаат податоците што се собрани во претходната фаза. Се врши анализа (проценување) на собраните податоци за да се оддели она што е важно од она што е неважно. Потоа мора систематски да ги организираме важните податоци ( по папки) за да ни бидат од корист при изготвување на проектот.

Чекор 5

Синтетизирање на податоците

(изработка на проект)

Во оваа фаза започнува изработката на конкретниот проект со употреба на претходно собраните податоци и нивно поврзување во рамките на проектот.

Чекор 6

Вреднување на проектот

Во оваа фаза се врши вреднување на изработената задача (проект). Првин учениците сами си го вреднуваат трудот, а потоа се врши општа дискусија за тоа дали проектот целосно ја опфаќа темата, дали има доволно податоци и дали се искористени стекнатите знаења од наставната тема во чии рамки се изработува проектот.

Чекор 7

Презентирање на проектот

Во оваа фаза секој ученик врши презентација на својот проект, со помош на видео бим или пак на својот компјутер.


...........................................................


ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ - MICROSOFT EXCEL



Вежби со функции










**********************************












ВМЕТНУВАЊЕ НА ГРАФИКОН ВО ПРОГРАМАТА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ 














*****************************************
МЕНУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ВНЕСЕНИ ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА
ФОРМАТИРАЊЕ НА КЛЕТКИ 


1. КРЕИРАМЕ ТАБЕЛА КАКО НА СЛИКАТА. СЕКОЈ ПОДАТОК ДА Е ТОЧНО ПОЗИЦИОНИРАН ВО СООДВЕТНАТА КЕЛИЈА И ДА Е ФОРМАТИРАН СО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ И ДИЗАЈН КАКО ШТО Е ПРИКАЖАНО.



2. СЛЕДНО ДА СЕ КРЕИРА Е ТАБЕЛАТА ПРИКАЖАНА НА СЛИКАТА СО КОРИСТЕЊЕ НА СООДВЕТНИТЕ АЛАТКИ ЗА ФОРМАТИРАЊЕ И ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ.
-НАПОМЕНА - ЌЕ СЕ ЗАДРЖИМЕ ВО КОЛОНАТА ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ И ЌЕ ИЗВРШИМЕ АНАЛИЗА НА МЕНИТО FORMAT CELLS




НАЈПРВО СЕ ОЗНАЧУВААТ КЕЛИИТЕ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА БИДАТ ИСПИШАНИ ЦЕНИТЕ ВО ДЕНАРИ. ПОТОА ДЕСЕН КЛИК - =FORMAT CELLS. ОД ТРЕТОТО ЈАЗИЧЕ CURRENCY - ВАЛУТА, СЕ ИЗБИРА СООДВЕТНАТА ВАЛУТА 

3. ИСТО КАКО ПРЕДХОДНАТА ВЕЖБА СО КОРИСТЕЊЕ НА СООДВЕТНИТЕ АЛАТКИ ЗА ФОРМАТИРАЊЕ И ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ДА СЕ КРЕИРА ТАБЕЛАТА ПРИКАЖАНА НА СЛИКАТА.



- ВЕЖБИТЕ ШТО СЕ ПРИКАЖАНИ НА СЛИКИТЕ НАДОЛУ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПОБРЗИТЕ УЧЕНИЦИ. ТОА ШТО НЕМА ДА ГО СРАБОТИМЕ, УЧЕНИЦИТЕ КОИ ШТО СЕ ВО МОЖНОСТ, ОДНОСНО ИМААТ КОМПЈУТЕР ДА ГИ ИЗРАБОТАТ ТАБЕЛИТЕ ДОМА





********************************************************




АВТОМАТСКО ПОПОЛНУВАЊЕ НА КЕЛИИ СО НИЗИ НА ПОДАТОЦИ
РАБОТА СО ТАБЕЛИ СО ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ЛИСТОВИ


1. КРЕИРАМЕ КРАТКИ ТЕСТ - ТАБЕЛИ ВО ПРОГРАМАТА EXCEL ЗА ДА УТВРДИМЕ НА КОЈ НАЧИН АВТОМАТСКИ ПОПОЛНУВАМЕ КЕЛИИ



2.СО ПОМОШ НА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ЕДНА ФОРМУЛА =А2*Б2 ПРАВИМЕ ТЕСТ ЗА ТАБЛИЦА СО МНОЖЕЊЕ СО БРОЈОТ 2 КАКО НА СЛИКАТА ДОЛУ


3. СЕГА ОТВОРАМЕ НОВ EXCEL ДОКУМЕНТ КАДЕ ШТО НА ПОЧЕТОК ЌЕ ЈА КРЕИРАМЕ ТАБЕЛАТА НА СЛИКАТА СО СИТЕ НЕЈЗИНИ ФОРМАТИРАЊА


ОДКАКО СМЕ ГОТОВИ, СЕГА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИМЕ НА РАБОТНИТЕ ЛИСТОВИ ДОЛУ И ЌЕ ИМ СМЕНИМЕ ИМЕ НА ИСТИТЕ KАКО НА СЛИКАТА


4. ЈА ОЗНАЧУВАМЕ ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ - ОВОШЈЕ И ИСТАТА ЈА КОПИРАМЕ ВО РАБОТНИОТ ЛИСТ -ЗЕЛЕНЧУК ВО ПРВАТА КЕЛИЈА - А1. ПОТОА ГИ МЕНУВАМЕ ПОДАТОЦИТЕ ЗАТОА ШТО СТРУКТУРАТА И ФОРМАТИРАЊАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ. ЦЕЛТА Е ТАБЕЛАТА ДА Е ПОПОЛНЕТА СО ПОДАТОЦИ КАКО НА СЛИКАТА ДОЛУ


5. ВО ТРЕТИОТ РАБОТЕН ЛИСТ ПРАВИМЕ МАЛА ТАБЕЛА КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ СОБЕРАТ ДВЕТЕ ВРЕДНОСТИ, ОД ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК




- НА ИСТ НАЧИН ПОБРЗИТЕ УЧЕНИЦИ ДА КРЕИРААТ ТАБЕЛИ ВО ЧЕТИРИ РАБОТНИ ЛИСТОВИ КАКО ШТО Е ПРИКАЖАНО НА СЛИКИТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ. ДОКОЛКУ НЕ УСПЕЕМЕ ИСТОТО ДА ГО СРАБОТИМЕ УЧЕНИЦИТЕ КОИ ШТО ИМААТ ДОМА КОМПЈУТЕР ДА ЈА НАПРАВАТ.

РАБОТНИТЕ ЛИСТОВИ СЕ - БИРО, ПЛАКАР, КРЕВЕТ, ВКУПНО






***************************************************




        ВЕЖБИ СО ПРИМЕНА НА ФУНКЦИИ ВО EXCEL   

























СОСЕДНИ, НЕСОСЕДНИ КЛЕТКИ И РАНГ
·       Клетките од работниот лист може да бидат соседни и несоседни.
o    Соседни клетки се оние кои имаат заедничка редица или колона.
o    Несоседните клетки се од различни редици и колони.
·       Група на соседни клетки се вика РАНГ. Рангот има адреса на пр. А2:С5.

ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ
·       Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
·       Функции се готови формули кои имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
·       Пред формулите и функциите кои се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
·       Со промена на вредноста во клетките се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)













Програма за табеларни пресметки - Excel

КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА ПРОГРАМАТА EXCEL?
Excel  е програма која овозможува:
·       подредување на податоците во табела,
·       табеларни пресметки и
·       графички приказ на податоците

КАКО Е ПОДЕЛЕН РАБОТНИОТ ДОКУМЕНТ
·       Работниот документ се состои од работни листови.
·       Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и
 редици означени со броеви.
·       Работните листови имаат име. Може да се додаваат, бришат,
 копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или во друг 
работен документ.
·       Пресекот на една редица и колона е правоаголниче кое се вика
 клетка или ќелија.
·       Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната 
и бројот на редицата. На пр. В13, AB22
·       Податоците се внесуваат во клетка. Истовремено НЕ може да се
 внесуваат податоци во повеќе клетки.
·       Клетките може да се пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ
(со редни броеви, месеци, денови од неделата и сл.)
·       Во клетките може да се внесуваат текстуални и бројни податоци
формули и функции.


ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ


ХИПЕРВРСКИ


1. Додавањето на хиперврска на PowerPoint слајд-текст или слика е лесно. Можете да се поврзете со секакви работи во презентацијата, вклучувајќи слајд во иста или друга PowerPoint презентација , друга презентациска датотека, веб-страница, датотека на вашиот компјутер или мрежа или е-адреса.


PowerPoint 2007

  1. Изберете го текстот или графичкиот објект што ќе биде поврзан со кликнување на него.
  2. Кликнете на картичката Вметни на лентата .
  3. Кликнете на копчето Хиперврска во делот Линкови на лентата.


Додајте хиперврска на слајд во истата презентација

Хиперврска на друг слајд во оваа PowerPoint презентација
Хиперврска на друг слајд во оваа PowerPoint презентација. 

Ако сакате да додадете линк до различен слајд во истата презентација, кликнете на копчето Хиперврска и се отвори дијалог прозорецот Измени хиперврска .

  1. Изберете ја опцијата Поставете во овој документ.
  2. Кликнете на слајдот со кој сакате да се поврзете. Опциите се:
    • Прво слајд
    • Последен слајд
    • Следен слајд
    • Претходен слајд
    • Изберете го специфичниот слајд по својот наслов
    Се појавува преглед на слајдот за да ви помогне да направите ваш избор.
  3. Кликнете ОК.




Графички приказ на податоци

1. Податоците кои се организирани во табела ни даваат убав преглед, но уште подобар преглед на податоците ќе имаме ако ги претставиме со графикони. Целта е да се изврши увид за постапката за креирање на графикони, а истовремено оспособување и за форматирање и уредување на графиконите по  желба.

2. Преку отварање на програмата за табеларни пресметки Еxcel, се креира едноставна табела каде што се прикажани имиња на соодветни продукти и нивна цена на чинење.

 (Пример 1 - Продавници Tinex, Stokomak, Kam, Tobacco, Vero ...)







 (Пример 2 - Продавници Setec, Neptun, Anhoch, Technomarket, Riversoft ...)








- Целта е да се изврши продажна анализа на цената на чинење на одредени производи во нивните соодветни продавници. Се користат 5 различни производи кои што се анализираат во 5 различни продавници. Во секој слајд се поставува табеларен и графички приказ на податоците, а во насловот стои името на продажното место. На последниот слајд пишуваме заклучок според спроведената анализа, на кое место производите се најефтини а на кое продажно место се најскапи.





РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Презентацијата со која се работи може да се прикаже на неколку начини (погледи)

  • Normal view (Нормален) – почетниот приказ, каде ја гледаме работната површина во рамка, има три дела, работниот простор, приказ на слајдовите во смалена варијанта и простор за забелешки
  • Outline (Контура) – Се занемарува формата и из­гледот, а се потенцира содржината (текстуалниот дел) на презентацијата

  • Slides – приказ на минијатурна верзија на слајдовите

  • Slide Sorter -приказ на минијатурни слајдови со цел да се контролира текот на презентацијата, или да се изврши промена на редоследот на слајдовите

  • Slide show (Слајд-шоу) –прикажување на презентацијата слајд по слајд на целиот екран

  • Notes Page - приказ на слајдови заедно со прибелешките што се однесуваат на нив





Форматирање на слајдови

Изглед ( тип ) на слајдот ( распоред на објектите) Format --> Slide Layout

Изгледот на секој слајд се дефинира при неговото креирање или со наредбата Slide Layout во менито Home, односно во делот Slides - Layout . Од дијалог прозорецот Slide Layout се кликнува на саканиот изглед и на копчето Apply. Со оваа постапка се менува изгледот на слајдот

Дизајн Format --> Slide Design
Дизајн шаблонот содржи дефиниции за изгледот на сите типови слајдови. Тој не ја создава содржината на слајдовите, туку само го дефинира нивниот изглед
За да се користи дизајн шаблон во реализацијата на презентацијата, во дијалог прозо­ре­цот за нова презентација се избира картичката Design Templates и потоа се избира ди­зајн шаблон за презентација и се клика на копчето OK или дизајнот се избира за веќе готова презентација со

наредба Format --> Slide Design . (во прозорецот Slide Design разгледајте ја Color Schemes)




Анимирање на објектите

Понекогаш е потребно да ја направиме презентацијата поинтересна и повпечатлива, и за таа цел во PowerPoint е овозможено да се вметнуваат динамички ефекти. Прикажувањето може да биде одеднаш на сите објекти или објект по објект по однапред определен редослед. За таа цел можат да се придружуваат разни динамички ефекти (анимации).

Наредба Animations->Custom Animation.

Ефектите се групирани во 4 групи и тоа:

- Entrance (се користи како ефект при појавување на објекти),

- Emphasis (ги употребуваме кога сакаме да истакнеме некои објекти, особено текстуални),

- Exit (се користат за начин на затворање или напуштање на слајдот),

- Motion paths (се одредува патека на движење или преместување на објектот од едно на друго место на слајдот).



Преодни ефекти ( трaнзиции)

Наредба Animations --> Transition to this slide 





ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ЦРТАЊЕ


Вежба 1  -Лик од цртан филм



Вежба 2 - Подводен свет



Вежба 3 - Вселена 












Вежба : Креирање цртеж - спојувалка

Цртеж со забавна и едукативна содржина, наменет за други корисници

Изработи цртеж спојувалка сличен на зададениот пример на скиката.
  

Вежба број 1: Креирање цртеж - сложувалка

  1. Со веб-броузер отвори ја страницата на избран пребарувач.
  2. Избери пребарување по слики.
  3. Во полето за пребарување напиши го клучниот збор што ја опишува сликата што ја бараш. На пр. Family clipart (цртана слика на семејство).
  4. Од листата на адреси на веб-страници со барани слики избери слика со резолуција околу 500 x 500, по можност во .jpg формат и меморирај ја во својот фолдер за слики од Интернет.
  5. Стартувај ја програмата за цртање.
  6. Со Датотека – Отвори пронајди ја локацијата на сликата и избери ја за да ја отвориш во програмата.
  7. Со брзо копирање  ископирај ја сликата, намали ја 2-3 пати димензијата на копираната слика. Исклучи ја позадината и со алатката за селектирање со слободна рака исечи ја оригиналната слика на повеќе делови - блокови. Распореди ги деловите на краевите од работната површина така да има доволно простор околу нив да се селектираат со алатката за правилно селектирање.
  8. Означи го со прави линии делот од работната површина за спојување на деловите во целина.
  9. Со алатката за пишување испиши го текстот: „Од деловите обиди се да составиш слика!”
  10. За спојување на оригиналната слика деловите треба прецизно да се селектираат и поставуваат еден покрај друг на слободниот работен простор.
  11. Меморирај го фајлот со неспоена слика во својот фолдер за цртежи - проекти под името Сложувалка
  12. Споената слика меморирај ја под ново име во истиот фолдер или затвори ја програмата без да ги меморираш промените!


ВЕЖБА - КРЕИРАЊЕ ПЕЈСАЖ - ДЕН 

ПРИМЕРИ ЗА ПЕЈСАЖИ










ВЕЖБА - КРЕИРАЊЕ СЦЕНА - НОЌ 

ПРИМЕРИ ЗА ПЕЈСАЖИ















Вежба број 1: Креирање (цртање) на знамиња на држави.

Во програмата за цртање нацртај знаме на некоја држава. Потребно е да изработиш едно едноставно знаме и едно посложено (со повеќе детали). Знамињата да бидат нацртани во големина на листот за цртање и зачувани во .jpg формат.
Од следниот линк ќе можеш да пронајдеш знамиња.

Пример - знамиња






Вежба број 2: Креирање (цртање) на сообраќаен знак.

Во програмата за цртање нацртај неколку сообраќајни знаци по твој избор и цртежот зачувај го во .jpg формат.
Од следниот линк ќе можеш да пронајдеш различни сообраќајни знаци.

Пример - сообраќајни знаци







Креирање новогодишна честитка во Paint

Примери










Kреирање висит карта во Paint 

Примери















































Повторување вежба



1. Да се изработи Мени (дизајн по желба), со користење на научените техники  во програмата за обработка на текст. Колони, text box, shapes, word art, page color. Да се вметнаат слики, а менито да има 3 до 4 поделби како на пример -  Главни јадења, салати, десерти, пијалоци.
Од секоја поделба да има  до 4 понуди. како на пример за пијалоци - Кока кола, пепси, густи, чај.
Пример за дизајн на мени е прикажан на сликата подолу




2. Да се изработи новогодишна честитка (дизајн по желба), со користење на научените техники  во програмата за обработка на текст. Columns, text box, shapes, word art, page color, page borders.
Да се вметни слика од интернет или ClipArt и да се напиши краток текст.
Пример за дизајн е прикажан на сликата подолу.






3. Изработка на документ со име - ХИПЕРВРСКИ  и поврзување преку него до сите изработки на учениците преку кој што ќе се презентираат проектите.



Пишување во колони

Текстот можеш да го пишуваш во две или во повеќе колони. На тој начин можеш да го уредиш текстот како во весник.
Можеш да уредиш училиштен весник или билтен за класот.








































Правила за изработка на илустриран документ 
1. Внесување на графички објекти преку ClipArt или со користење на интернет 
2. Внесување на Shapes - графички објекти кои се потребни за изработка на илустриран документ
3. Внесување и позиционирање на текстот на соодветното место
4. Корекција на бојата на графичките објекти - Shapes со Text Box

Со користење на горенаведените методи да се креира документ од 3 страници во кој што преку илустрации ќе се наведи следното :

*главни хардверски компјутерски делови - страна 1
*важни надворешни компјутерски единици - страна 2
*познати компјутерски програми - софтвер- страна 3 









Да се изработи илустриран документ од 3 страни каде што ќе бидат опфатени следните содржини

* Омилени изведувачи на песни 
- страна 1

*Омилени филмови
- страна 2

*Омилен спорт, хоби, милениче, град
-страна 3



Вежби за зголемување на брзината на пишување 

ИГРИ ЗА ВЕЖБАЊЕ НА БРЗИНА НА

 ПИШУВАЊЕ


Online апликација за вежбање на пишување




Вежба - Изработи го документот исто како што е прикажан на слика 



Вежба 2 




Вежба 3




Вежба 4 



Да се креираат графички прикази во документ со дизајн по избор на учениците на следните теми :

- Омилени песни и нивни изведучи;
- Омилени филмови и актери во истите;
- Диви животни при посета на ЗОО.



Word е програма текст процесор за пишување и уредување на текст.
Word документот е поделен на страници.

ЛЕНТИ СО АЛАТКИ
-        стандардна лента за работа со фајлови    Standard
-        лента за форматирање на текстот          Formatting
-        лента за цртање и графички објекти      Drawing
-        статусна лента            Status

ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
·       Помеѓу зборовите се остава едно празно место.
·       После интерпункциските знаци (.,:?) се остава едно празно место
·       Пред интерпункциските знаци не се остава празно место.

ФОРМАТИРАЊЕ НА ТЕКСТ
Уредувањето на изгледот на текстот уште се вика и форматирање.
За да се форматира текстот може да се избере:
·       Фонт,
·       големина на фонтот,

·       боја,
·        позадина на текстот,

·       стил (задебелени букви, подвлечени, искосени),

·       позиционирање во редот (лево, средина, двојно порамнето и десно) и др.

Кога се отсекува или копира текст се копира и неговиот формат.

СЛИКИ И ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ
·       Во текстуален документ може да се поставуваат слики, графички објекти и украсно пишување.
·       Сликите се поставуваат во документот на местото каде што е курсорот - покажувачот.
·       Сликите може да се внесат од специјален фолдер од самата програма Clipart , од фолдер на компјутерот или од друга програма со copy-paste, од камера и сл.
·       Димензиите на сликите може да се менуваат, сликите може да се бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат.

РАМКИ
Каде може да се постават
·       Во текстуалниот документ може да се поставуваат рамки: околу текстот, околу сликите или на целата страница
Правила за поставување
·       Избраната рамка на страница се појавува на сите останати страници од документот. Не може да ја има само на одредени страници туку на сите.

АВТОМАТСКО НАБРОЈУВАЊЕ
  • Во програмата за пишување и уредување на текст може да се користи автоматско набројување: со броеви, букви или знаци и комбинирано.
  • По потреба начинот на набројување може да се менува или набројувањето да се избрише.
Вежба со набројување 



- Да се напиши краток текст со различни стилови на набројување по избор на ученик. Пр. посета на град и набројување на знаменитости, играње фудбал / ракомет и набројување на екипите и сл.
 Текстот на биди порамнет, големина на буквите 16, проред 1,5. Да се одбери боја на страната по избор, да се  постави рамка на страната по избор. Да се смени ориентацијата на страната и да се вметни слика.


Корекција на готов текст според правилата за праволно пишување.


- Вметнување графички елементи со присуство на текст во истите - предходната вежба да се изработи како на начинот претставен на сликата 





- Да се креира табела во WORD - распоред на часови - работа со дизајн на табелата и форматирање на истата


Вежби со табели - Активност - Да се изработат табелите како на сликите прикажани подолу:







Со употреба на графички објекти да се дизајнира табелата како на сликата .
како и ви истата да се додадат:
Рамка;
Позадина на страна;
Вметнување слики од интернет.





Вежба за уредување на текст - ЛИНК 1